Кај клиентите кои преферираат подолготрајни ефекти го употребуваме ботулинскиот токсин со кој навистина можат да се направат драматични но и суптилни промени на кожата како и да се корегираат одредени недостатоци на истата. Освен тоа, ботулинскиот токсин е корисен и за стоматолошки зафати при разни недостатоци.

Botulinium toxin или популарно наречениот ботокс се користи за подмладување на кожата на лице, врат, деколте како и за примена во областа на стоматологијата во решавање на “gummy smile”, бруксизам, лоши навики кај мускулот на брадата, а и при совладување на примарната хиперхидроза. Спротивно на вообичаеното мислење, ботоксот не е присутен само кај естрадните ѕвезди кај кои и неретко е претеран па се приметува, туку може да се користи за многу суптилни зафати кои ќе го постигнат тоа што го посакуваме без да биде очигледно дека е нешто воопшто правено.

BOTULINUM TOXIN

Ботокс (Botulinum Toxin) во Denta ES се користи за подмладување на лицето, вратот и деколтето, како и за естетски и терапевтски стоматолошки цели. Оваа процедура ги релаксира мускулите, намалувајќи ги брчките, но и симптомите на бруксизам (грчење на забите).

Консултациите се бесплатни, сите зафати ги вршат лекари специјалисти и целта е секогаш иста – поврзување на убавината и здравјето во совршена симбиоза. Јавете ни се за совет и потоа одлучете.