Денталните импланти се современо и долготрајно решение за замена на изгубени заби. Тие се изработени од титаниум и се вградуваат во коската, обезбедувајќи стабилност и изглед кој е речиси идентичен со природните заби. Со нив повторно ќе можете да се смеете, зборувате и јадете без непријатност.

Овој третман е идеален за:

  • Лица со изгубен еден или повеќе заби
  • Тие што сакаат природен изглед и стабилност
  • Пациенти на кои протезите не им одговараат

За разлика од класичните протези, имплантите не се поместуваат и не предизвикуваат иритација. Дополнително, тие помагаат во зачувување на коската и го спречуваат нејзиното повлекување со текот на времето.

Трајно решение за вашите заби

Ако барате трајно, удобно и естетско решение – денталните импланти се вистинскиот избор за вас. Консултирајте се и направете го првиот чекор кон совршена насмевка.

Закажете консултација и започнете го патот кон совршената насмевка уште денес!

☎️ +389 2 2774 918
☎️ +389 2 2772 164
📲 +389 78 425 314